Во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во градскиот парк околу фонтаната се спроведе активност за покривање на графитите испишани на ѕидовите.
Чистотата и изгледот на градот е од заедничко добро на сите граѓани.
Унијата на млади сили на владејачката партија во континуитет спроведува вакви активности со цел подигнување на општествената одговорност и еколошката свест кај младите.