Младите оставија моќна порака пред МНР: Македонија НЕ е на продажба!

Народот и денес масовно излезе на протест да го крене својот глас против ултиматумот пред кој е ставена Македонија и за истиот да порачаат „НЕ, благодарам“.

Протестантите тргнаа од Влада до Собрание, а на средината на трасата застанаа и пред објектот на Министерството за надворешни работи.

Таму група млади лица оставија моќна порака, која ќе остане на улицата пред МНР да биде сведок на ставот на македонските граѓани.

Пораката е едноставна, а многу важна: „МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА“!