![земјоделие](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/zemjodelie.jpg?resize=500%2C353&ssl=1)
Македонските ниви ги обработуваат земјоделци, чија просечна старост е 58 или 59 години. Младите не се заинтересирани за производство на храна во своите села, забележуваат од Асоцијацијата на земјоделците, но и академската фела. Македонското земјоделство не напредува бидејќи и мал број ги користат информациите од интернетот, ретко кои од повозрасните знаат и да работат на компјутери , покажаа истражувањата на терен.
Земјоделците засега ги користат советите од вработените од канцелариите на Агенцијата за поддршка на земјоделството. Ресорниот министер вели дека преку финансиските мерки и ИПАРД програмата веќе се прават сериозни чекори за поддршка на младите земјоделци да останат во Македонија.
Најголем дефицит од кадар има во сточарството, а во текот на летните месеци тешко е да се најдат сезонски работници, кои би го собрале родот. Земјоделскиот експерт Златковски забележува дека мора министерството и академската фела од сите универзитети во земјава заеднички да работат на оваа тема, бидејќи како што вели тој доколку Македонија некогаш ако добие датум за преговори за влез во ЕУ, земјоделството сериозно ќе ја заглави државата заради заостанатоста во поглед на заштитата на животната средина, примената на пестицидите, ѓубривата и се она што значи добра земјоделска пракса.