Младо момче пронајдено мртво во Драчево

Дваесет и едногодишниот Б.Г. вчера околу 22 часот и 40 минути бил пронајден мртов во својот дом во населба Драчево.

Причините за смртта не се познати.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.