Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија, објави „Pressing tv”.
И производите кои можат да се наречат луксуз се попристапни од кај нас, а ова се цените на основните прехранбени производи:
Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тoе се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети.
Кашкавалот е во просек 8 евра за килограм. Пакувано пиле спремно за печење чини 4.29 евра.
Брашното и покрај војната во Украина од каде Германија набавува жито чини 0.69 за килограм или пет евра за пакување од пет килограми.
Она што во Германија е навистина поскапо од кај нас е зеленчукот и овошјето. Како пример ќе наведеме дека половина килограм домати чини 1.6 евра. Држи цена и сончогледовото масло кое се движи од 3 до 4 евра во зависност од производителот.
На сиве овие цени вреди да се напомене дека минималната плата во Германија е 1200 евра па и луѓето со ниски примања можат да ја наполнат кошничката.