Портпаролот на ММФ, Вилијам Мари денеска предупреди дека Грција нема да има пристап до средствата на фондот доколку го стори тоа што го најави, односно доколку не го исплати долгот.
Тој нагласи дека секоја земја, која не ги почитува своите обврски кон ММФ, се става во ситуација да доцни со исплатите и при тоа нема пристап до финансиите на Фондот.
Мари додаде дека преговорите со Грција продолжуваат, но оти останува уште многу работа до постигнување конечна спогодба.