![mmf](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/mmf.jpg?resize=474%2C266&ssl=1)
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) во понеделникот одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби во текот на војната со Русија.
Ова е втора ревизија на кредитната програма за Украина, а во исто време директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во понеделник се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Дополнително, таа му потврди дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја освен, се разбира, една земја а тоа е Русија.
„И покрај деликатните времиња и тешките ситуации, украинската економија покажа дека е отпорна и среде тековните руска инвазија и агресија. Очекувам закрепнувањето да продолжи, а клучно во сѐ е надворешното финансирање кое мора да се продолжи навремена и предвидлива основа“, рече Георгиева по тој повод.
Украинската влада може веднаш да ги повлече споменатите 900 милиони американски долари со што вкупните средства на ММФ за Украина оваа година се зголемија на 4,5 милијарди американски долари.
Украина има добиено повеќе од 68,5 милијарди долари буџетска поддршка од почетокот на војната кон крајот на февраури 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД.
Нејзината влада очекува буџетски дефицит од околу 43 милијарди долари во 2024 година и планира да го покрие со домашно задолжување и финансиска помош од западните партнери. Но, украинските власти се загрижени за сигурноста на финансирањето, а некои аналитичари предвидуваат дека помошта од Запад може да почне да се намалува следната година.
Гевин Греј, шефот на мисијата на ММФ за Украина, го повика Киев да спроведе „амбициозно“ реструктуирање на надворешниот комерцијален долг во првата половина на 2024 година за да помогне во обновувањето на одржливоста на долгот.
Греј им рече на новинарите дека ММФ ја подобрил прогнозата за раст на Украина за 2023 година на 4,5 отсто од претходниот опсег од 1 до 3 проценти, и очекуваше раст од 3 до 4 отсто во 2024 година, наведувајќи ја како што ја нарече „извонредната отпорност“ на економијата. Друг функционер на Фондот рекол дека растот во 2023 година потенцијално би можел да надмине 4,5 отсто.
Запрашан за можниот замор на меѓународните донатори, Греј рече дека Украина продолжува да се соочува со ризици за обезбедување надворешно финансирање, но тие не се нужно повисоки отколку при првиот преглед на програмата за заем на Украина од 15,6 милијарди долари.
Додаде дека ММФ ќе спроведе трета ревизија во рамките на заемот од ЕФФ на пролет и ќе бара потези од Украина за зајакнување на нејзините даночни приходи.