ММФ: Подобри прогнози за целиот свет

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ги ревидира највисоките прогнози за раст на светската економија, и тоа отприлика за три недели, изјавила директорката на институцијата, Кристин Лагард.

Таа не ги навела причините за таа одлука. Во последниот извештај од октомври, под името „Перспективите на светската еконија“, ММФ ги намали прогнозите за раст, наведувајќи дека глобалната економија во 2013-та година ќе оствари раст од 2,9 отсто, а оваа година од 3,6 отсто.

Овие прогнози се за 0,3 односно за 0,2 процентни поени пониски во однос на проекциите од јули.

Лагард, исто така, истакна дека поради постепените промени на монетарната политика на американската централна банка, ќе забави приливот на капитал на пазарите во развој.