
Руското евентуално неплаќања на долгот „всушност ќе има ограничено влијание на остатокот од светот“, оценува Гита Гопинат, заменичка на главната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).
Гопинат истакна дека износите на руските обврски кои доспеваат за наплата „размерно се ниски на меѓународно ниво“.
„Тоа не е систимески ризик за светската економија“, додаде истакнувајќи дека банките кои се поизложени може да бидат сериозно погодени.
И покрај санкциите без преседан во историјата кои западот предводен од САД ѝ ги воведоа поради нејзината офанзива во Украина, Русија ги подмирува своите обврски.
Така американската банка „JP Morgan“ ја прими уплатата од руската централна банка во износ од 66 милиони долари за купонски камато на обврзници, беше потврдено во вторникот.
Претходно во петокот беше потврдено дека Русија целосно ги исполнилно обврските, исплатувајќи 117,2 милиони долари купонски камати на двете еврообврзници. Рокот за уплата беше до 16-ти март кога беа положени парите, со период за почек до 30 дена.
Рејтинг агенцијата „Standard&Poor’s“ минатата седмица во четвртокот, пред двете споменати плаќања на каматите, рускиот кредитен рејтинг од „CCC“ го снизи на „CC“, што е две новоа до оцената којашто ја добиваат кредитно неспособните земји, проценувајќи дека руската влада тешко ќе ги врати купонските камати на двете еврообврзници до крајот на периодот од почекот во април.
ММФ своите актуелизирани прогнози ќе ги објави на 19-ти април на своето пролетно заседавање. Гопинат, во таа насока, предупреди дека војната во Украина влијае и на меѓународната трговија.
„Трговијата со енергенси повеќе нема да биде истата по војната во Украина“, истакна алудирајќи дека западните земји настојуваат да се ја намалат зависноста од увозот од Русија свртувајќи се во прв ред кон поскапиот течен гас од САД. Купонската камата од 66 милиони долари којато Русија мораше да ги уплати до 21-ви март, исто така, со 30 дена почек, по обврзницата, којашто деноминирана во американски долари, вклучува одредба којашто на Русија ѝ овозможува плаќање во алтернативни валути, како што се еврото, британската фунта, швајцарскиот франк или нејзината рубља.
Истите одредби ги содржат сите руски обврзници издадени по 2014 година и санкциите воведени против Русија откако Западот го поддржа превратот во Киев, по што доминатно мнозинскиот руски црноморски полуостров Крим со два референдуми по шест децени се врати во составот на Русија, што западот го смета за нелегалан руска анексија на украинска територија. И обврзниците продадени на вложувачите по 2018 година ја наведуваат како алтернатива за плаќањето и рубљата.
До крајот на март, Русија мора да плати уште 615 милиони долари купонски камати, на почетокот од април ѝ доспева за наплата и главницата на обврзницата од две милијарди долари, а до крајот на годината вкупно повеќе од 4,5 милијарди долари камати и главници.
ммфСегашната уплата на купонските камати по двете еврообврзници го отвори прашањето од каде ѝ на Русија пари, истакнува Reuters потсетувајќи дека американското министерство за финансии со санциите од крајот на февруари замрзна значителен дел, речиси половината, од руските девизни резерви во странство.