Меѓународниот монетарен фонд ги заврши преговорите за обезбедување финансиска помош за Украина, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на близок извор до преговорите.
Според неговите информации, резултатите ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи денес попладне.
Пакетот финансиска помош е клучен и битен фактор за украинската економија.