Таткото на 14-годишната Вања, Александар Ѓорчевски и другите осомничени – Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во 30-дневен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а во притвор е и Стефан Димковски, кој првоосомничениот за двојното грабнување и убиство Љупчо Палевски Палчо го возел од Белград преку Бугарија до Турција. Палевски беше уапсен во Турција по потерница од Интерпол и во понеделникот му е одреден 40-дневен екстрадициски притвор.
„Јавноста е гневна за смртта на малата Вања и на тоа што сѐ уште нема одговор на многу прашања околу нејзиното грабнување и убивање, како и за велешанецот Панче Жежов, но за тоа се чека истрагата и резултатите од обдукцијата, која уште не е готова. Но, за згаснување на овој млад живот не е гневна само јавноста, туку и останатите притворени и затворени во затворот во Шутка“, објавува порталот ММС.
Медиумите досега информираа дека тие се затворени во посебни ќелии, а штом останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. И тие се згрозени од двојното убиство, особено на малата Вања.
Тројца од четворицата осомничени кои се во затворот во Шуто Оризари ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција. Затоа и нивното влегување во затворот во Шутка беше дочекано „на нож“, пишува порталот.
ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“
На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :
„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.
Таткото на Вања само молчел.
Целата вест прочитајте ја на ММС