![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/izbori-glasanje-11-7-.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
На избирачкото место 2618 во Нерези недостасувале две гласачки ливчиња, во обид да се прави бугарски воз. Гласањето е запрено. За ова се известена ДИК и МВР.
Исто така и во Влае, на гласачко место 2645 спречен е обид да се дадат две ливчиња на еден гласач со цел да се направи бугарски воз.
И на двете места каде е што е направен обид за правење на „бугарски воз“, се места каде што СДСМ според анкетите губи со голема разлика.
На повеќе избирачки места утврдено е дека недостасуваат гласачки ливчиња сосе кочанот.
Во Злокуќани, полициски сили Алфи запираат и претресуваат ромско население кое оди на гласање, со цел да изврши притисок врз граѓаните.