Американското Федерално биро за истраги (FBI) отвори истрага за тоа како милијардерот Џефри Епштејн можел да се самоубие во ќелијата во затворот на њујоршки Менхетен, каде што го чекаше почетокот на судењето за сексуално злоставување на малолетнички и трговија со сексуално робје.
Безживотното тело на контроверзниот милијардер беше пронајдено во саботата утрото во затворската ќелија на затворот во Менхетен, кој се смета за еден од најсигурните во САД. Уште на на 23-ти јули се обидел да изврши самоубиство во затворот на Менхетен и тогаш бил прионајден како лежи „во полусвнесна состојба“. Бидејќи тогаш биле најдени повреди на неговиот врат, властите отвориле истрага за инцидентот кој го третирале како „можен обид за самоубиство или напад“.на 23-ти јули се обидел да изврши самоубиство во затворот на Менхетен и тогаш бил прионајден како лежи „во полусвнесна состојба“. Бидејќи тогаш биле најдени повреди на неговиот врат, властите отвориле истрага за инцидентот кој го третирале како „можен обид за самоубиство или напад“.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рече дека „сега е очигледно“ дека Епштејн не може да обвини други. „Она што сите нѐ интересира е што сѐ знаел? Колку други милионери и милијардери биле вклучени во незаконските активности со коишто се занимавал? Тие информации не умреа со Џефри Епштејн. Тоа, исто така, треба да се истражи“, рече де Блазио, еден од кандидатите за претседателската номинација на Демократската партија од која победникот ќе се соочи со Доналд Трамп на претседателските избори во ноември следната година.
По смртта на 66-годишниот Епштејн се појавија многу теории на заговор. Тој во јули се изјасни дека не е виновен по обвинението коешто го товари за трговија со сексуално робје и беше притворен без право на кауција.
Неговата смрт следеше ден откако јавно беа објавени стотици страници од судските документи во кои се изнесуваат нови обвиненија против него и неговите богати и славни пријатели и познаници. Во американските медиуми, меѓу другото, се истакнуваше дека Епштајн во минатото добро се познавал со актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, но и со поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, а според судските наиди и британскиот принц Ендрју, синот на кралицата Елизабета Втора, како и со Лесли Векснер, влијателниот милијардер кој стои зад брендовите „Victoria’s Secret“ и „Bath&Body Works“.. Новите обвиненија доведоа до скандал и оставка на министерот за труд Алекс Акоста. Имено, тој во 2008 година бил обвинилте кој бил ангажиран во случајот на Епштејн и му дозволил да постигне договор за признавање на вината со минимална казна од 13 месеци.
Има контрадикторни извештаи дали Епштејн бил под 24-часовен надзор по првиот наводен обид за самоубиство. Весникот The New York Times пишува дека бил ставен постојан надзор, но дека мерките биле една седмица пред смртта. Американскиот главен државен обвинител Вилијам Бар рече дека постојат „сериозни прашања која бараат одговори“. Додаде дека е „запрепастен“ од смртта на Епштејн и наведе дека министерството за правда отворило официјална истрага.
Жртвите на милијардерот се разочарани поради тоа што нема да му се суди. „Многу сум лута и повредена, знаејќи дека повторно мислеше дека е над законот и дека избрал полесен начин“, изјави Џена-Лиза Џонс во писмена изјава за јавноста.
Апсењето на Епштејн беше доведувано во поврзаност со настаните од 2007/2008 година кои ја возбудија американската јавност. Тогаш милијардерот беше обвинет дека користел услуги на малолетни проститутки. Во 2008 година тој ја призна вината за подведување малолетнички за проституција, и мина во затвор околу 13 месеци.
„Гневна сум што Џефри Епштејн нема да мора да се соочи со жртвите пред судот. До крајот на животот мораме да живееме со лузните од неговите дела“, изјави за телевизијата CNBC уште една жртва, Џенифер Араоз.