И во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Вреднста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 9.
Утринската темература во земјата се движи во интервалот од 14 до 23, додека максималната ќе изнесува од 30 до 40 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе достигне до 40 степени.