Многу топло, попладне наместа услови за дожд

И во неделата во Македонија ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 9.

Максималните температури ќе се движат од 31 степен на повисоките места во западниот дел од земјата, 40 во ценралните оббласти до 42 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 40 степени.