Многу топло со мала умерена облачност

Во саботата во Македонија ќе преовладува претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.

Утринските температури се движат од 15 до 23, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 30 и 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе достигне 40 степени.