Многу земји тешко ќе најдат замена за руската нафта, предупредува BIS

Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокираната испорака на руската нафта, а нејзиното поскапување ќе се прелее и на пазарите на земјоделските суровини, предупредува Банката за меѓународни порамнувања (BIS).

Основниот проблем е големиот пазарен удел на руската нафта на меѓународни пазари, толкуваат во BIS, потсетувајќи дека Русија сочинува десеттина од светскиот извоз на енергенсот.

Губењето на руските нафтени деривати би претставувал шок за глобалната економија, а малку е веројатно дека другите произведувачи би имале доволно капацитети да го надоместат кусокот, истакнува споменатата банка во тримесечниот извештај објавен во понеделникот.,

Дополнително, вложувањата во истражувањата и експлоатацијата на новите нафтени наоѓалишта сѐ уште се на претпандемиското ниво, наведуваат од BIS.

Проблем претставува и планот на седумте водечки економии во светот од групата Г7 за ограничување на цената на руската нафта што на Русија би ѝ го намалил приходите за да ѝ ги намали капацитети за финансирање на војната во Украина, велат од BIS.

Ограничувањето на рускиот извоз веројатно ќе го следи остар и долготраен раст на цените, вклучително и цените на храните, предупредуваат од банката, имајќи предвид дека житарките повеќе ќе се користат за производство на биогориво, како етанолот и биодизелот.