Многу жени со тумор на дојка можат да избегнат хемотерапија

Околу 70 отсто од жените со ран тумор на дојка и среден ризик од рецидив можат да избегнат хемотерапија после отстранување на туморот, објавија американските експерти.

Ова е големо откритие. Тоа значи дека можеби 100.000 жени само во САД нема да имаат потреба од хемотерапија, изјави д-р Лари Нортон од центарот за лекување на рак „Слоан Кетеринг“ во Њу Јорк.

Студијата, претставена на Конгресот на американските онколози во Чикаго (ASCO) се занимавала со тоа како да с лекуваат жени во рана фаза на туморот на дојка кои позитивно одговараат на хормоналната терапија.

Ризикот од рецидив се утврдува со тестот Onkotip DX, кој зема предвид 21 ген. Жените кои на тестот имаат резултат од нула до десет по операцијата не примаат хемиотерапија и се лекуваат со хормонска терапија. Останатите, со повисок резултат, од 26 до сто се лекуваат и со едната и со другата терапија.

Истражувањето опфатило 10.000 жени со тумор на дојка кои не метастазирал во лимфните јазли, позитивно реагирале на хормоналната терапија и биле негативни на ХЕР2 генот.

Од нив 6711 биле во средна ризична категорија помеѓу 11 и 25 и со случаен избор давана им е или само хормонална терапија или хормонална и хемотерапија заедно.

Истражувањата покажале дека сите жени постари од 50 години со овој тип на тумор, повеќе од 50 проценти од сите пациентки во таа категорија, можеле да избегнат хемотерапија. Згора на тоа, жените со 50 години и помлади кои имале резултат од 0 до 15, исто така можеле да бидат спасени од хемотерапијата и нејзините штетни несакани ефекти.

Сепак, хемотерапијата позитивно влијаела на жените со 50 години и помлади чиј ризик од рецидиви се движел од 16 до 25, откриле научниците.

Д-р Стивен Шак, медицинскиот директор на компанијата Genomic Health, вели дека четири од десет американски со ран тумор на дојка не се тестираат за утврдување на ризикот од рецидив и се надева дека резултатите од студијата тоа ќе го промени.

Ова е најдобриот доказ дека овој тест треба да стане неопходен дел од клиничката пракса, истакна тој.

Неговата компанија моментално обезбедува тестови за повеќе од 900.000 пациенти во повеќе од 90 земји. Тестот во САД чини 4.000 долари и го покриваат од Medicare и сите поголеми осигурителни куќи.