Многумина се обидоа, никој не успеа, кој се обидува да ја инсталира Данела Арсовска како фактор во ВМРО ДПМНЕ, наспроти волјата на членството?

Деновиве Македонската јавност е сведок на безобразни обиди на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска наместо да се грижи за реализацијата на проектите во нејзината предизборна програма таа да се занимава со прашања од висока политика кои што не се во доменот на нејзината функција.

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, Данела Арсовска наместо какко градоначалник да одговара на советниците во Советот, таа од говорницата на седницата го спомнуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ниту е советник, ниту е на некаква јавна функција платена од парите на граѓаните.

Откако беше повикана од страна на дел од советниците да одговори за проблемите со реализацијата со проектите за кои ја доби довербата од граѓаните, таа со нервозен тон и огромно ниво на конфронтација како грогиран боксер прашуваше каде е Христијан Мицкоски избегнувајки ги одговорите за нејзиното работење. И наместо да објасни во јавноста за проектите и работењето за кое е платена таа јавно се конфронтира со Претседателот на партијата која ја поддржа на ланските локални избори да дојде до оваа функција која не би можела ни да ја сонува без поддржката на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително од одредени медиуми кои што во изминатиот период континуирано следат агенда за ослабување на разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска се промовира како некаков пандан на Христијан Мицкоски во обид да се подели членството и поддржувачите на партијата која стана реална закана за соборување на ненародната власт на СДСМ и ДУИ.

Едно е сигурно! Ваквиот координиран напад на Данела Арсовска против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не е случаен во пресрет на намерата за повторното отварање на уставот на државата со кој што трееба да се уништи постоењето на Македонскиот идентитет. Па оттука сведоци сме на одредена структура на луѓе кои што во минатото биле позиционирани на функции во ВМРО-ДПМНЕ како задаваат штури удари наспроти партијата која се спротивставува на отварањето на уставот, како и криминалите и неправдите во државата предизвикани од бандитското владеење на СДСМ, ДУИ и останатите нивни сателити.

Автор: Кирчо Анастасов