Многумина во Газа преживуваат со еден оброк дневно, други немаат ништо, посочува УНИЦЕФ

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ја истакна кризата со глад во Газа, наведувајќи дека има недостиг од вода за пиење.

– На децата им треба прекин на огнот веднаш, нагласи УНИЦЕФ.

Организацијата повтори дека конфликтот во Газа кој трае повеќе од 4 месеци доведе до хуманитарна криза.