Мнозинството Германци се тушираат пократко и поретко за да заштедат

Голем мнозинство германски граѓани, или 62 отсто, го скратиле времето или поретко се тушираат за да заштедат, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во средата вечерта спроведено од институтот INSA за дневниот весник Bild.

Според истражувањето, на таков чекор се решиле главно приврзаниците на „зелените“, односно 33 отсто од нив признале дека се тушираат поретко и побрзо отколку пред неколку месеци. Истовремено, повеќе од една третина од испитаниците, или 35 отсто, изјавиле дека на ниеден начин не ги промениле своите навики.

Речиси половината од анкетираните, односно 45 отсто, рекле дека планираат или веќе почнале да се подготвуваат за потенцијално студената зима, на пример, се снабдиле со генератор за енергија при прекини на струјата.

Други 44 отсто се изјасниле дека се подготвени да протестираат против високите цени на енергијата, а 50 отсто не ја поддржуваат идејата за протести.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија и заштита на климата, Роберт Хабек, во интервју за Der Spiegel изјави дека се тушира помалку поради потребата да се заштеди енергијата. Прашан колку време му е потребно да се тушира, Хабек одговори „еден колега од Холандија неодамна гордо изјави дека тие сакаат да употребат кампања за да се скрати просечното време за туширање од десет на пет минути“.

„Требаше да се насмеам на ова. Никогаш во животот не сум се туширал пет минути. Брзо се туширам“, заклучи Хабек.

Од своја страна, пак, канцеларот Олаф Шолц, коментирајќи ги препораките за сонародниците да го намалат времето за туширање, рече дека мисли оти „министерот сакаше по ова прашање да се изјасни од свое име, а не им кажуваше на другите што да прават“.

Германската влада на 23-ти јуни го подигна степенот на готовност на реагирање на тензичната ситуација снабдувањето со гас на второто од вкупно трите нивоа, што треба да овозможи полнење на складиштата за гас до почетокот на зимата, и покрај намалените испораки на енергенсот од Русија.

Второто ниво значи дека владаа има право да им наложи на компаниите да го штедат гасот, вклучително и во процесот на производство. Третата фаза, за којашто сѐ уште не се дискутира, се воведува доколку самиот пазар веќе не во можност да обезбеди снабдување со гас. Во тој случај улогата на дистрибутер ја презема германскиот регулатори Федералната мрежна агенција, која одлучува кој ќе го добива гасот според приоритетен редослед.