Во време на пандемија, кога сите земји низ светот водат „борба“ на кој било начин да се снабдат со вакцини против Ковид-19, кога речиси сите земји започнаа со вакцинација, а во Македонија се уште не пристигнала ниту една доза од ниту еден производител, здравствените власти во Македонија како да се „плашат“ да го спомнат името на руската „Спутник V“.
Руската вакцина „Спутник V“, спрема која Западот на почетокот беше скептичен, сега стана светски фаворит во борбата против пандемијата со корона вирусот, се вели на почетокот од текстот, објавен од страна на агенцијата „Блумберг“.
Резултатите од третата фаза на клиничките испитувања на вакцината „Спутник V“, кое што ги објави реномираното списание „Ленсет“, покажале дека руската вакцина не заостанува зад американските и европските, а и дека е многу поефикасна од кинеските, стои во објавата на списанието.
Од друга страна македонските здравствени власти не смеат името да и го споменат на истата, а камо ли да направат нарачка. Македонија можеше да биде меѓу првите земји кои што ја набавиле руската вакцина, но за жал нашата Влада не се произнесе на предлогот на руската амбасада за директна комуникација со руските власти за набавка на истата, пишува Курир.
Повеќе од 50 држави од светот испратија барање за набавка на над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V, истакна неодамна економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов, притоа додавајќи дека иако на македонските власти им било понудени дирекни преговори за набавка на истата, тие повратен одговор не добиле:
-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руската вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче нѐ информираше дека лицето за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александа Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт. Исто така и беше испратено писмо од претставникот од рускиот Фонд за директни инвестиции кое за жал остана без одговор, истакна есеноска Хрисанфов.
И додека најголем процент од граѓаните во Македонија сакаат да се вакцинираат со руската вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, а токму истата нашите здравствени власти не смеаат да ја изговорат и нема никаква најава дали некогаш воопшто и ќе пристигне во Македонија.
Неодамна премиерот Зоран Заев на прес-конференција изјави дека во консултација со Западните стратешките партнери, односно со НАТО и со Вашингтон е констатирано дека набавката на вакцина против корона вирус е суверено право на секоја држава и не претставува геополитичко прашање, притоа додавајќи дека се прават обиди за набавка на вакцини од секаде каде што се достапни, но не кажа дали се разгледува можноста за набавка на руската вакцина „Спутник V“, која на Македонија и беше понудена од руска страна уште од пред шест месеци и земјата ќе беше меѓу првите кои што ја добиле истата.
-Правиме обиди да набавиме вакцини од секаде каде што ни се достапни. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Во самата постапка ќе ја следиме компетативноста, за да добиеме поповолни услови, а обезбедивме и домашен партнер за спроведување на постапката, тоа е компанијата „Алкалоид, изјави Заев.
Според анкетата на новинската агенција „Макфакс“, на прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но голем е процентот (29,3%) и на оние кои изјавиле дека не би избрале ниту една вакцина и дека нема да се вакцинираат.
Исто така на социјалната мрежа на Фејсбук преку групата „Ковид-19 Искуства и совети“ спроведена е анкета на која што мнозинството повторно се определи за за „Спутник V“. Имено на прашањето „Ако имате шанса да бирате ДАЛИ И АКО „ДА“ со која вакцина би се вакцинирале?“ одговориле дека ќе се вакцинираат токму со руската вакцина.
Додека македонските грараѓани барат руска вакцина, македонските власти не смеаат да и го изговорат името на истата, а од она што Заев што во консултации го заклучил со партнерите на Македонија дека набавката на вакцина против корона вирус е суверено право на секоја држава и не претставува геополитичко прашање, нејасно е зошто се уште здравствените власти не започнат процес за набавка на истата.
Руската вакцина „Спутник V“, спрема која Западот на почетокот беше скептичен, сега стана светски фаворит во борбата против пандемијата со корона вирусот, се вели на почетокот од текстот.
Резултатите од третата фаза на клиничките испитувања на вакцината „Спутник V“, кое што ги објави реномираното списание „Ленсет“, покажале дека руската вакцина не заостанува зад американските и европските, а и дека е многу поефикасна од кинеските, стои во објавата на списанието.
Курир испрати конкретно прашање до Министерството за здравство „дали МЗ заедно со владата ја разгледуваат можноста за набавка на руската вакцина „Спутник V“?, а од таму истото вешто го избегнаа и не одговорија на истото.
-Министерството за здравство во повеќе наврати досега информирало по кои механзими обезбедува вакцини против Ковид 19. Во директни преговори ја обезбедивме вакцината Фајзер и Синофарм, преку Ковакс механизмот најавено е дека првично ќе ја добиеме вакцината Астра Зенека. Сите вакцини се безбедни и направени на безбедни платформи, производителите на вакцините имаат документи од нивните национални тела, а некои од нив и од европското и американското регулаторно тело за лекови, велат во одговорот од МЗ.
Од ваквиот одговор може да се заклучи дека и покрај време на пандемија, кога сите земји низ светот водат „борба“ на кој било начин да се снабдат со вакцини против Ковид-19, а и кога речиси сите земји започнаа со вакцинација, а во Македонија се уште не пристигнала ниту една доза од ниту еден производител, на
здравствените власти во Македонија им паѓа на памет да ја разгледаат можноста за набавка на „Спутник V“.
Инаку пред некој ден министерот за здравство, Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид 19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат во месец февруари, соопштија вчера Министерството за здравство, а најавени се и 8.000 дози од производителот фајзер кои што од Србија треба да пристигнат во нашата земја.
Вреди да се напомене дека, од средината на месец јануари секоја недела се најавуваше дека во Македонија само што не пристигнале долгоочекуваните вакцини.
Исто така од денеска треба да профункционира Интернет страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.