Мнозинството граѓани се против влезот на Македонија во ЕУ, ако услов за тоа се промена на јазикот и историјата на Македонците

Мнозинството граѓани се против влезот на Република Македонија во Европската унија ако услов за тоа се промена на јазикот и историјата на Македонците преку прифаќање на барањата на Бугарија, покажува најновата анкета на „ОМНИБУС“.

Високи 64% од граѓаните се против влезот на Македонија во ЕУ доколку за тоа услов се бугарските барања, додека само 24% се ЗА.

Дали би го поддржале влезот на Северна Македонија во ЕУ ако условот е промена на јазикот и историјата на Македонците преку прифаќање на барањата на Бугарија?

o Да: 22%

o Не: 64%

o Не знам: 14%

Анкетата спроведена е во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ по пат на телефонско јавување на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници на целата територија на Република Македонија.

Анкетата е насочена кон мерење на јавното мислење на теми поврзани со оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, перформансите на двете влади и актуелните политички и економски теми.

Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.