Мнозинството мигранти не сакаат да учат германски

Мигрантите не сакаат да го учат германскиот јазик-секој втор што посетува курсеви за интеграција во Германија не го достигнува очекуваното ниво на јазично знаење на крајот од образованието.

Само 48,7 отсто од мигрантите кои го посетувале курсот минатата година успеале да го достигнат нивото на знаење Б1, што значи дека тие имаат средно познавање на германскиот јазик, се вели во извештајот на германската Сојузна агенција за миграција и бегалци.

Нешто повеќе од 40 отсто го достигнале ниското ниво Б2, кое ги означува најосновните познавања на германскиот јазик. Дури десет отсто од оние кои се запишале на курсот, вклучувајќи ги и оние што по втор пат се запишале, не успеале да научат ниту толку.
На курсот за германски јазик се пријавиле 289.751 мигранти. Лошите резултати ги оправдувале на разни начини – дека биле болни, дека нашле работа или заминале да живеат на други места.

Сепак, како што открива “Frankfurter algemajne cajtung“, постојат докази дека многу мигранти чисто формално го запишале курсот. Посетеноста на наставата паднала со текот на времето на многу места, за да падне и под половина на одредени образовни локации.

Германската Влада се соочува со огромно јавно незадоволство поради прифаќањето на голем број на мигранти, а канцеларката Ангела Меркел имаше најслаби парламентарни и лични изборни резултати од кога е вклучена во политиката, токму поради овие критики.