Мнозинството Словаци против откажувањето од гасот и нафтата од Русија, ако тоа значи и повисоки цени

Повеќе од 60 отсто од Словаците се противат на најавите нивната земја следејќи ги наложувањата од Европската унија да се откаже од снабдувањата со придодниот гас и нафтата од Русија ако тоа се одрази врз растот на цените а што е неминовна последица, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мениние објавен во неделата спроведени од агенцијата Focus за телевизијата Markiza.

На крајот од март и април, агенцијата им го поставила на испитаниците прашањето: „Дали мислите дека Словачка треба да се откаже од рускиот гас и нафта по цена да ја зголеми нивната цена?“. Испитаниците имаа избор од три опции. Само 7 проценти од нив ја означиле опцијата „да, веднаш“. Една четвртина, односно 25 отсто ја избрале опцијата „да, во наредните години“. Од друга страна, дури 62 отсто одговориле дека во такви околности Словачка воопшто не треба да се откаже од снабдувањето со енергетски суровини од Русија. Останатите (6 проценти) не можеле да се определат.

Во коментарот на агенцијата Focus, се наведува дека испитаниците коишто се изјасниле како гласачи на левичарските партии, како Республика – 93 отсто, Курс – социјална правда со 82 отсто и Голос – социјална правда со 69 отсто, Ние сме семејство со 55 отсто биле застапници на ставот дека Словачка не треба да се откажува од увозот на руските енергенси, доколку тоа значи и нивно, како и поскапување на другите продукти за населението.

Испитувањето, исто така, покажало дека за откажување од руските енергенси и по цена на раст на цените најмногу се изјасниле гласачите на десноцентирстичките парти и движења, и тоа на Прогресивна Словачка со 26 отсто за прекинување на увозот моментално а 34 отсто во текот на следните неголку години, на движењето Обични луѓе и независни личности – со 16 односно 45 проценти, на Христијанско-демократското движење со 12 и 38 проценти, и на партијата Слобода и солидарност со 11 отсто за моментално откажување и 43 отсто за откажувањето во следните неколку години.

Анкетата била спроведена во периодот од 30-ти март до 6-ти април, врз репрезентативен примерок од 1.007 испитаници повозрасни од 18 години, со различен степен на образование, социјален и професионален статус, во големи и мали населени места во сите региони за Словачка.