МНР: 18 јануари останува како утврден датум за реализација на посетата на делегацијата на бугарската влада

По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од Владиниот кабинет на Премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје, соопштија од МНР.

Соодветно, информираа дека терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.