Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, Министерствто за надворешни работи апелира нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.
Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.
МНР ги повика македонските граѓани кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.
Министерството за надворешни работи ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.
За поддршка на државјаните на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:
+ 74 99 124 33 57 (фиксен)
+ 79 58 643 34 63 (мобилен)
е-mail: [email protected]
[email protected]
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]
-Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани.