Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени.
За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, молиме да се обратите во македонската амбасада во Брисел и во Министерството за надворешни работи на РМ.
ДКП Брисел
Лице за контакт: Владо Дамјанов, административно-конзуларен референт во ДКП Брисел
Телефони: 0032 2 7329108 и 00322 734 56 87
Мобилен телефон: 0032 489 01 44 94
Адреса: Rue de la Loi, 38 1040 Brussels
Е-пошта: [email protected]
МНР на РМ
Телефон: +389 2 3115 266
Е-пошта: [email protected]
Воедно, за дополнителни информации можете да се обратите и на телефонскиот број (+32) 02 506 47 11 во Центарот за управување со кризи на Кралството Белгија.