
Го осудуваме секој говор на омраза, без исклучок, посебно кога неодговорните и непромислени изјави, пораки и квалификации се упатуваат на блиски и соседни држави, соопшти Министерството за надворешни работи.
Во соопштението од МНР не се наведува конкретно за кој говор на омраза е реакцијата.Претходно министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев реагираше на говор на омраза во говорот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ.
„Северна Македонија се залага за интензивирање и продлабочување на добрососедските односи, и се надева дека вакви изолирани и крајно несоодветни изјави нема да наидат на какво било разбирање кај нашите граѓани“, соопшти МНР.