![ministerstvo za nadvoresni raboti mnr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/ministerstvo-za-nadvoresni-raboti-mnr.jpg?resize=696%2C417&ssl=1)
Министерството за надворешни работи (МНР) најостро го осуди нападот во Газа, во кој загинаа голем број луѓе додека чекаа околу камионите за хуманитарна храна.
– Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, стои во соопштението од МНР.