МНР ќе потроши и 5.000 евра за цвеќиња

Наместо штедење како што тврди, владата на СДСМ продолжува со расипништво, а Министерството за надворешни работи, покрај другото, ќе потроши и 5.000 евра за цвеќиња.

Министерството за надворешни работи објави оглас за барање прибирање на понуди за набавка на надворешни и внатрешни саксиски растенија и цвеќиња, цветни аранжмани и одржување на истите, за годишни потреби на Министерството за надворешни работи.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 305.700 денари или околу 5.000 евра.

Министерот за надворешни работи во владата на СДСМ Никола Димитров, покрај петте илјади евра за цвеќиња ќе потроши и 2,6 милиони денари за набавка на странски весници, иако новата влада најавуваше дека ќе штеди.

МНР објави и оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за доставување на информативни изданија во електронска и печатена форма за дневно, неделно, месечно и годишно информирање на англиски јазик, за потребите на МНР.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 2.600.000 денари или околу 42.000 евра без ДДВ.