Поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓаните им советува да се воздржат од патување во оваа земја.
Исто така, се советуваат сите македонски граѓани кои се веќе во Либија, да се пријават во македонските амбасади во Каиро и во Рим за дополнителни информации.