МНР му врачи протесна нота на рускиот амбасадор

Попладнево во МНР бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин.

Притоа, на рускиот амбасадор му била врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Македонија.

Нападот врз Киев се случил рано наутро при што загинало едно лице, а повредени се 12. Нападот го оневмозжил системот за затоплување на 630 станбени згради, 16 болници и 30 училишта и градинки. Со нападот оштетени се 20 административни висококатници, како и на католичката црква „Св. Никола“ во центарот на Киев и Националниот јазичен универизтет.