Од Министерството за надворешни работи велат дека немаа информации за настрадани македонски државјани во поплавите што ги опфатија туристичките места во Грција.
„Според информациите добиени од полициските органи на Грција, а во врска со невремето што ја зафати Грција, нема пријавени случаи за настрадани македонски државјани. И според надлежните полициски служби на „Халкидики“ не биле пријавени такви случаи. Истите информации се проверени и со некои туристички оператори присутни на подрачјето кое го покрива Генералниот Конзулат во Солун“, велат од Министерство.
Оттаму упатуваат на конакт телефон од Генералниот Конзулат на Република Македонија во Солун: 00306987200410