Министерството за надворешни работи доцна потврди дека еден од тројцата киднапирани инженери во Либија е македонски државјанин, пишува Утрински весник. Проверките околу неговиот идентитет траеја 24 часа. Медиумите во Италија објавија дека станува збор Емилио Гафури, но нашите власти првично не успеаја да пронајат македонски државјанин со такво име и презиме.
„По дополнителните проверки утврдено е дека еден од тројцата исчезнати инженери е македонски државјанин. Неговиот идентитет, како и други лични податоци ќе бидат соопштени утре“, изјавија од МНР.
Тројцата вработени во италијанската градежна фирма „Пјачентини констуциони“, кои последен пат се видени во саботата наутро, се претпоставува дека биле грабнати пред куќата во која живееле. Досега никој не побарал откуп за нив.