Во насока на транспаретно работење и целосно информирање на јавноста, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрла тврдењата изнесени на денешната прес конференција на СДСМ.
„Воедно, би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако Претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството“, потенцираа во денешното соопштение од министерството.
Од таму истовремено информираа дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од Буџетот.
За сите дополнителни информации, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува отворено за јавноста, стои во соопштението.