Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија.
Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија.
-Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.