![dzambaski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/dzambaski.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Софија, вчера упати вербална нота до Софија за изјавите на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски.
Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници. Соодветно на договорот за добрососедство, по ова известување, очекуваме државното раководство, владата и бугарското МНР, да го осуди и да се огради од изјавите на Џамбаски, велат од македонското МНР.
Контроверзниот политичар, стоејќи пред карта на голема Бугарија, изнесе низа навреди, вклучително и дека македонизмот бил антибугарска и фашистичка идеологија.