„Моќна грчка армија“ се пофали дека го хакирала сајтот на Народна Банка

Грчките хакери под името „Моќна грчка армија“ пред малку објавија дека го нападнале сајтот на Народна Банка, објавувајќи на својот Твитер профил.

Хакерите претходно се пофалија дека ги хакирале и сајтовите на Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана.

Во меѓувреме грчките хакери се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.