Холдинг компанијата „Exor“ во сопственост на влијателното семејство Ањели, италијанска династија на индустријалци, презема 14 отсто од акциите на „Philips“, објави во понеделникот оваа холандска технолошка компанија.
Според портпаролот на „Philips“, „Exor“ купил акции во вредност од 2,6 милијарди евра.
„Ова вложување на Exor во целост го поддржува водството, стратегијата и потенцијалот на Philips за создавање вредности и на Exor му овозможува именување на еден член во надзорниот одбор на Philips“, стои во соопштението на холандската компанија.
Во „Exor“ моментално немаат краткорочни планови за натамошно зголемување на уделот, се наведува во нивното соопштение, но според условите од договорот својот удел може да го зголемат на 20 отсто.
Извршниот директор на „Exor“ и наследник на семејството Ањели, Џон Елкан, изјави дека фокусот на „Philips“ на здравството, како и на технологијата, во согласност со заложбите на „Exor“.
Холдингот „Exor“ веќе има удели во групациите како што се „Stellantis“, „Ferrari“ и „Iveco“, но и во италијанскиот фудбалски великан Јувентус од Торино.