Мојсоска: Интелектуалците премолчуваат уште едно газење на македонскиот јазик

Фејсбук објава на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица:

Дали некој од прогресивната интелектуала ќе се одважи да каже дека воведувањето двојазичност на амбалажите на производите на територија на цела држава излегува дури и од рамките на Рамковниот договор?

Ова е буквално првпат да се казнуваат приватни субјекти заради некористење на албански јазик! Сите овие измени се прошверцуваа минатиот месец со европско знаме, без рок за прилагодување на трговците, без отворање дискусија во јавноста, шверцерски во стилот на баграта СДС – ДУИ.