Во кампот на „Чуварите на демократијата“ спроти Собранието на Р. Македонија денешниот ден е посветен на книгата.
„Чуверите на демократијата“ поставија мобилна библиотека во паркот каде беа донирани книги од млади љубители на книгата .
Поставувањето на мобилни или маалски библиотеки е идеја на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која беше реализирана уште пред неколку месеци кога такви библиотеки беа поставени на околу 30 локации низ целата држава.
-Во светот таквите библиотеки функционираат најнормално. На пример во Америка се поставени на 2.200 локации и може секој оној кој што сака да се дружи со книгата и со пишаниот збор може да остави своја книга, да ја замени со друга и откако ќе ја прочита да ја смени, истакна Димче Арсовски потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски најави дека во текот на денот во кампот на „Чуверите на демократијата“ ќе биде промовирана книга на Александар Сашко Кукулев, „Патувањата на Петар Келеман“.
-Гостин во кампот ќе биде и минстерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која што исто така ќе говори за сите реформи кои што се направени со што им се олеснува на писателите и општо на сите оние кои што сакаат да пишуваат и издаваат книги во нашата држава, најави Арсовски.