Кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“ ја гради мобилната мрежа од петтата генерација 5G во Унгарија, објави во вторникот на економскиот форум во Шангај, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Унгаријда очекува од компаниите да ги почитуваат нејзините закони и прописи и не ги дискриминира според тоа од која земја доаѓаат“, порача Сијарто на отворањето на Кинескиот меѓународен саем за увоз во Шангај.
Тендерот за градење на мобилната мрежа од последната генерација беше распишан во јуни. „Huawei“ ќе ја гради мрежата 5G во соработка со „Vodafone“ и „ Deutsche Telekom“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија истакна во Шангај и дека еден од приоритетите на владата во Будимпешта е развојот на електронското тргување, бидејќи на малите и средни претпријатија им нуди повеќе можности за развој и им го намалува трошоците.
Неговиот колега во унгарската влада, министерот за иновации и технологија, Ласло Палкович, претходно годинава во интервју за Reuters ги отфрли сите сомневања на САД дека вградувањето на опремата на „Huawei“ можеа да претставува безбедносан закана поради можно шпионирање на компанијата во полза на владата во Пекинг.
„Унгарија не располага со докази дека опремата на ‘Huawei’ претставува безбедносна закана“, рече тогаш Палович.
Сличен став по истото прашање неодамна повторно зазема и владата на Германија, чпорачувајќи дека нема намера на кинеската компанија да ѝ го забрани учеството во градење на 5G мрежата доколку легално победи на тендерот.
„Германскиот пристап беше и ќе сотане дека во градењето на мрежата може да учестуваат сите компании кои ќе ги исполнат безбедносните услови“, изјави кон средината на октомври портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.
Важна ставка во одлуката на земјите недвосмислено се трошоците кои со себе ги носи забраната за „Huawei“, Така во глобалното здружение на телекомуникацискиот сектор GSMA, трошоците од забраната за набавување опрема од кинеските компании „Huawei“ и „ZTE“ во Европа се проценува на 55 милијарди евра, потсетувајќи дека пред ажурирањето на мрежата 5G операторите мора да ја земант постоечката инфрструктура. Проценетиот износ го одразува дополнителните трошоци кои ги носи забратата за прозиводите на споменатите две кинески компании во градењето на 5G мрежите во Европа, појаснуваат од GSMA. Се проценува, исто така, дека забраната ќе ја одложи примената на новата технологија за околу 18 месеци.