Модел, полиглот и едноставно убавица – Мис Русија за 2017-та

Дваесет и едногодишната Полина Попова од Екатеринбург, од Свердловската област, е победник на изборот Мис на Русија за 2017 година, во своето прво натпреварување за убавина.

За титулата руска убавица се натпреваруваа 50 девојки, а според условите сите учеснички на финалниот избор мораа да бидат повисоки од 173 сантиметри , постари од 18 но помлади од 23 години, да немаат тетоважи, лоши навики, објавени фото и видео материјали со еротска содржина, да немаат маж или деца и да не биле кривично гонети.

На победничката ѝ беше врачена дијадема од бело злато, украсена со дијаманти и бисери во вредност од милиони долари, платежна картичка со три милиона рубљи и автомобил. Полина Попова, исто така, добива можност да ја претставува Русија на меѓународните избори за убавина „Мис на светот“ и „Мис Универзум“.

Прва придружничка на убавицата е московјанката Ксенија Александрова, а втората придружничка Албина Ахтјамова потекнува од Башкирија. Тие добиваат од организаторот стипендија за која и да е високообразовна институција во светот, објавено е на интернет страницата на конкурсот.

Во одделната номинација „Народен избор“, каде што победничката ја избираат корисниците на интернет порталот Woman.ru, победила Лидија Молодоцова од Новосибрск.

Полина Попова е родена во Екатеринбург, и на Урал живее целиот свој живот, но често патува бидејќи веќе шест години работи како модел и во странство. Пред жиритот и публиката во комплексот „Luxury Village“ се претстави како личност којашто обожува да игра тенис и да готви, совршено зборува англиски а го изучува и кинескиот јазик, каде што претходно планирала да студира.

mis 02

mis 03

mis 04

mis 05

mis 06

mis 07

mis 08