Фармацевтската компанија „Модерна“ вчера објави дека развива нова вакцина против ковид во една доза, која ќе биде во комбинација со засилувачка доза експериментална вакцина против грип.
– Веруваме дека имаме голема можност пред нас, ако можеме да пласираме високоефективна, антиреспираторна годишна вакцина – рече извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, за време на презентацијата за да ги информира инвеститорите за своите лекови во развој, пренесува Ројтерс.
Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања кај возрасните лица.
„Модерна“ веќе развива неколку вакцини против вирусот, додаваат оттаму.
„Модерна“, „Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ се очекува да добијат милијарди долари од засилувањето на вакцините против ковид-19, велат аналитичарите и инвеститорите во здравството.
Акциите на „Модерна“ во четвртокот пораснаа за 6,2 отсто.