Лабораторија „Модерна“ денеска објави дека ќе отвори фабрика за РНК-вакцини во Мелбурн со што ова ќе биде нејзина прва фабрика на јужната хемисфера. Таа ќе произведува околу 100.000 дози вакцини против коронавирус, сезонски грип и други болести. Вакцината на „Модерна“ беше меѓу првите вакцини што ја користеа новата РНК-технологија развиена за време на пандемијата.
Ваквите вакцини, кои можат брзо да се развијат, користат молекула која го „учи“ телото да ги идентификува и да се бори против вирусите, како што е коронавирусот, за разлика од традиционалните вакцини кои содржат мали дози на бактерии или вируси.
Изградбата на фабриката на „Модерна“ треба да започне оваа година и да заврши во 2024 година.
Австралија забележа зголемување на бројот на случаи на коронавирус во последните месеци. Вирусот стана трета водечка причина за смрт во земјата во 2022 година.