Дизајните изработени од Катарина Ивановска претопени во модната колекција со заштитен знак „Парго“, веќе се достапни за младите девојки и жени.
Парго“ претставува спој помеѓу модерното и класичното и оваа колекција се наметнува како модна линија за секоја сезона, подобна за следбениците на убавината и модата. Издвојувајќи се од конкурентите по градското и урбаното, едноставен и истовремено со „cool“ стил, „Парго“ покажува дека е бренд близок до потрошувачите и следбеник на светските модни трендови, изјави модниот креатор Христина Деспотовска.
Продажниот салон во кој може да ги најдете моделите е лоциран на булевар „Партизански одреди“, веднаш зад „Броз кафе“.