Северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун падна во очите на целиот свет откако вчера одржа говор по повод годишнината од основањето на владејачката работничка партија на Северна Кореја.
Но, иако сите мислеа дека тој го привлече своето внимание со говорот, сепак модниот свет остана подзинат кога виде како лидерот на државата се појави за да држи говор.
Имено Ким на црвениот тепих во раскошната сала зачекори во сјајни црни сандали со црни чорапи се со цел да се вклопат со неговото црно одело.
Аналитичкиот дописник за „НК Њуз“ прв ги забележа сандалите на Ким и изјавил дека не му е јасно зошто лидерот се одлучил за вакво нешто и дека прв пат носи сандали.
Kim Jong-un looks slimmer than ever as he calls for better lives in the face of a ‘grim’ economy in North Korea pic.twitter.com/WvQMhz249b
— The Sun (@TheSun) October 11, 2021
Инаку тој беше во центарот на вниманието и ова лето кога месец дена се немаше појавено во јавноста, по што започнаа шпекулации за неговото здравје.