Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, на совршен начин опиша што се случи во средата вечерта на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанскиот тим се врати од бездната во 90. минута и со головите на Родриго ја надополни вкупната разлика од 3:5 во дуелот со Манчестер Сити, а потоа голот на Карим Бензема од пенал во продолжението донесе финале во Лигата на шампионите.
„Кралскиот“ клуб сезонава продолжи со нереалните пресврти во Лигата на шампионите, бидејќи пред фаворизираниот Сити го елиминира бранителот на титулата Челзи, а се започна со победа над првиот фаворит на натпреварувањето, Пари Сен Жермен.
„Ова е Реал Мадрид. Не обидувајте се да разберете“, одлично ја опиша сезоната на Реал, Лука Модриќ со фотографија од соблекувалната по победата над Сити во средата, откако на Твитер го постави прашањето: „Но, што е ова?“