Модуларната болница од утре повторно се отвора

Модуларната болница пред Инфективната клиника во Скопје од утре повторно ќе биде отворена за пациенти заболени со коронавирусот.

Причина е се поголемиот број на ковид-позитивни пациенти кои ја полнат Клиниката за инфективни болести, каде што капацитетот е речиси целосно исполнет.

Модуларната болница веќе два месеци не прима пациенти, а во последниот месец во неа се вакцинираа здравствените работници. Од утре наместо таму, вакцинацијата со преостанатите дози на вакцината „Фајзер“ за здравствените работници ќе продолжи во некој здравствен дом.